Don't Miss
Home / Спорт / РК Пелистер пред згаснување!?

РК Пелистер пред згаснување!?

Дали може да се случи по неколку децении успешно натпреварување да зганси најуспешниот спортски клуб на Битола,РК Пелистер. Состојбата во клубот е алармантна.
Иако до 20 септември Пелистер мора да се трансформира засега клубот не е ни набо, ни на земја. Што ќе стане со РК Пелистер засега никој не знае.
Додека очите на спортската јавност во Битола се свртени кон тоа кој ќе го купи фудбалскиот клуб Пелистер, на ракометарите некако како сите да заборавија. А состојбата е драматична.
Неодамна, комплетната управа на клубот, на чело со претседателот Сашко Павловски си поднесе оставка и му ги врати клучевите на градоначалникот Владимир Талески. Во ситуација кога од Централниот регистер беше стопирана приватизацијата на клубот и спонзорот Силјан Мицевски откажа сам да го спонзорира клубот.
Во меѓувреме, Силјан Мицевски ја презеде ракометната школа на поранешните ракометари Александар Зарков и Иван Марковски и формирал нов клуб “ Еурофарм “ во кој пристапиле некои ракометари на Пелистер.
Затоа време Пелистер буквално е заборавен. Приватизацијата е стопирана, деновите си врват, а Пелистер во моментот не само што нема ни спонзор, туку нема ни управа.
Доколку не се презамет некои конкретни чекори и не се направи се, клубот до 20 септември да се трансформира, може лесно да се случи да згасне најтрофејниот клуб во Република Македонија.
Сите настојувања на тренерот на клубот и други вљубеници во ракометот да остварат средба со надлежните засега се без успех.
Токму тоа најмногу ги плаши дека може да се случи Пелистер наскоро дефинитивно да згасни, а тоа ќе значи не само голем удар за ракометот во Битола, туку и за битолскиот и македонскиот спорт посебно.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*