.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Родено првото бебе во вода во “Плодност“

Родено првото бебе во вода во “Плодност“

                                        

Синоќа во приватната гинеколошко-акушерска болница „Плодност“ во Битола, се породи првото бебе во вода, метода која за прв пат се применува во било која болница во Македонија.

Мајката е од Битола, а ова е нејзино прво дете, кое е женско. Мајката и детето се  во одлична состојба.

Ова е огромен успех за тимот на Болница „Плодност“, кој после бројните обуки надвор од државата, имаше можност оваа метода да ја примени за прв пат и во Македонија.

Породувањето за мајката и за новороденчето со оваа метода носи голем број

предности: топлината на водата го опушта телото, што за мајката значи намалување на родилните болки, кои траат пократко и се поефективни, со што се намалува потребата од обезболување.

Кадата во која се одвива породувањето е специјално изработена од материјал и форма дизајнирана за породување и во таков облик кој и дава комфор на родилката и на акушерките за взаемна работа.

Породувањето во вода важи за алтернативен метод, кој е често применлив во клиниките во светот. Болница „Плодност“,следејќи ги светските трендови од областа на технологијата и едукацијата , целосно се подготви за примена и на

овој вид алтернативно породување, преку стручната наобразба на својот  персонал и техничките можности и капацитети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*