Грчката компанија Саитис, која откако соптсвениците ја ограбија и ја пуштија во стечај е продадена.
Според извори на порталот на Битолски весник Саитис, иако од страна на овластен проценител беше проценета на околу 1.500.000 евра е продадена за само 500.000 евра.
Ваквата продажба за бадија ги потврди сомневањата на добро упатените во стечајот на Саитис дека фабриката ќе биде продадена преку извршител за многу ниска цена.
Продажбата на Саитис за само 500.000 евра буди сомневања зошто банката која имаше разлачно право на објектите инсистираше продажбата да не се одвива преку стечајниот управник, туку преку извршител.
Инаку стечајот во Саитис е полн со контраверзи и сомневања за матни игри и голем криминал.
Грчките сопственции на фабриката откако го испумпааа капиталот и ги продадао машините ја напуштија Македонија и си заминаа во Грција.
Најголеми побарувања покрај една банка ма аи вработените кои претходно беа префрлени во другата сестринска фирма.