Don't Miss
Home / Uncategorized / Санирање на Подрачните училишта

Санирање на Подрачните училишта

Продолжува санирањето на образовните објекти во Општина Битола, кое се спроведува изминативе месеци, а ќе продолжи и наредниот период. Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска, денес посети четири подрачни училишта кои работат во состав на основното училиште „Крсте Петков Мисирков“ од Бистрица, заедно со директорот на училиштето Димитар Пипилевски. Подрачните училишта, со средства од Општина Битола во вредност од над 200.000 денари добија нови печки, а во дел од нив се изведуваа градежни активности и поставување водовод.

Во подрачното училиште во селото Граешница, по интервенцијата на ЈКП „Водовод“ Битола, донесен е довод и одвод во училишната зграда, што ќе им овозможи на учениците, со понатамошните вложувања на општината, да добијат тоалет кој ќе биде лоциран во училишната зграда, наместо досегашниот кој е надвор од зградата. Во наредниот период  во оваа зграда ќе се врши санација и опремување на уште една училница, како и поставување на патека од патот до училишната зграда, со цел учениците и наставниците да не поминуваат каллива патека до влезот во училиштето.

Во подрачното училиште во селото Лажец, со средства од Општина Битола беа заменети дотраените печки на дрва со нови, кои, како што велат вработените, им штедат дрва, а на учениците им обезбедуваат долготрајна затопленост за време на образовниот процес. Во ова училиште ќе се изврши и санација на покривната конструкција.

Во подрачното училиште во селото Жабени, исто така е набавена нова печка на дрва, а во наредниот период следува набавка на уште една, како и санација на училниците.

На крајот од обиколката на подрачните училишта кои работат во состав на основното училиште „Крсте Петков Мисирков“, во селото Меџитлија градоначалничката ја посети новата просторија во училиштето, во која општината инвестираше за оспособување на спортска училница. Во овој објект, покрај изведбата на спортската училница, општината учествуваше и со градежни материјали и изведба на градежни работи во реконструирањето на таваните, покривната конструкција и местењето на олуците. Оваа образовна институција од страна на општината ќе добие подни плочки за ходникот и подна покаривка за спортската училница.

Општина Битола им се заблагодарува на лицата кои самоиницијативно земаат учество во санација на подрачните училишта. Така, во училиштето во Граешница, сопствени финансиски средства донирал Сефер Алиевски за новата дограма, дел од инвентарот и подот, а за изградба на спортската училница во Меџитлија, финансиски средства донирал Керим Сулејмани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*