Сашо Коруновски, актуелниот ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски”-Битола, и во наредните 4 години ќе биде на чело на битолскиот универзитет.
На денешните непосредни и тајни избори, членовите на наставно-научните, научните и наставничките совети на факултетите на Универзитетот му доверија нов мандат на Коруновски.
Коруновски на изборите успеа да го победи неговиот противкандидат, професорот Тале Герамитчиоски.
Старо новиот ректор Сашо Коруновски дипломирал на Архитектонскиот факултет во Скопје, а магистрирал и докторирал историја на уметност и археологија на Универизтетот „Св Кирил и Методиј” во Скопје.
Тој бил професор и декан на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а предавал и на Архитектонскиот и на Филозофскиот факултет во Скопје.