Don't Miss
Home / Uncategorized / СДСМ: ВМРО да ги поддржи реформите

СДСМ: ВМРО да ги поддржи реформите

Како реакција на прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски  од СДСМ велат дека целосно се неосновани тврдењата дека нема услови за демократско функционирање на Собранието.

Од таму додаваат дека граѓаните и целокупната јавност од новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ очекуваат конечно да се ослободи од политиките на поделби, блокади и деструкции и да земе активно учество во спроведувањето на зацртаните реформи.

„ВМРО-ДПМНЕ треба да покаже одговорност пред интересите на граѓаните и државата и конструктивно да се вклучи во реформските процеси што обезбедуваат економски раст, повисок животен стандард, демократија, владеење на правото, добрососедски односи и целосна интеграција на Република Македонија во ЕУ и НАТО, што истовремено е врвен државен и национален интерес“, стои во партиското соопштение.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*