Don't Miss
Home / Uncategorized / Се манипулираат граѓаните за загадувањето во Битола, градските власти со документи детално ги соопштија преземените мерки

Се манипулираат граѓаните за загадувањето во Битола, градските власти со документи детално ги соопштија преземените мерки

Градоначалникот на Општина Битола, Владимир Талески и претседателката на Советот на Општина Битола, Силвана Ангелевска на денешната заедничка прес-конференција ја  информираа јавноста за податоците од Министерството за животна средина и просторно планирање, и активностите што во континуитет ги презема Општина Битола за амбиенталниот воздух во градот.

-Заради актуелноста со состојбата на амбиенталниот воздух во Битола, на неколку седници на градскиот Совет се дискутираше на оваа тема се донесе програма за заштита на амбиенталниот воздух која опфаќа и краткорочни и долгорочни мерки што треба да се преземаат. Информацијата која се побара од Министерството за животна средина ја добивме и дава информации за сулфур диоксидот, јаглерод моноксидот, и озонот, и констатацијата е дека сите овие концетрации на овие загадувачи се под дозволеното ниво. Дадена е информација и за суспендираните ПМ  честички и даден е податок колку во текот на годината биле над дозволената граница при што се дава објаснување, зошто е тоа така и во кој период тоа обично се случува во општината и тоа во оголема мера зависи од самите климатски услови во Битола. Како заклучок што го усвоивме на седница на Совет,беше да се обратиме до министерството за нефункционалноста на мерната станица “Битола 2“ и дадена е информација дека во 2015 година во постапка е тендер, со што ќе се набават резервни делови, мерната станица ќе се стави во употреба и дека од досегашното искуство од 2004 година наваму горе- долу и двете мерни станици покажуваат слични резултати- нагласи претседателката на битолскиот  Совет, Силвана  Ангелевска.

scan 1  scan 2 scan 3 scan 4 scan 5

 

Советот на Општина Битола  формира таканаречено Консултативно тело кое вклучува голем број на стручњаци од разни институции кои се занимаваат со оваа проблематика.

Телото неколкупати држеше состаноци и добордојден е секој кој може да го даде својот придонес, воздухот во Битола го дишеме сите. Ова е глобален проблем и со него се соочува секој град во светот и бара огромни заложби и од Општината и од централната власт и од секој поединец- посочи Ангелевска.
Градоначалникот на Битола, Владимир Талески информираше дека во тек е тендерска постапка за набавка на хемиска суспстанца која под одредени исполнети услови ќе може да се користи. Таа хемиска сусптанца ќе се нанесува на патната инфраструктура и која до метар, метар и половина ќе може да ги собира сите честички кои се во воздухот а се однесуваат на третманот на загаденоста, односно го чистат воздухот. Тоа е едната постапка, а втората е тендерска постапка е за избор на фирма која би требало со повеќе мерења да го открие хемискиот состав на честичките.

– Првичната иницијатива на Здружението за чист воздух   ја прифативме со широки раце и дел од невладините здруженија ги прифативме како наши соработници, за жал таквата соработка се злоупотребува, бидејќи освен обидите за опструкции и дефокусирање на вниманието на јавни манифестации и сл. и обвинувањата дали од незнаење или тенденциозно се насочуваат кон општината, кон Советот, градоначалникот, а да не  зборувам за целокупната загаденост која се прави на социјалните мрежи. Станува збор за луѓе кои имаат очигледно друга цел, а аерозагадувањето им дојде како добро средство за афирмација. Тука укажувам и кон можноста за манипулација кон граѓанството, бидејќи и денешниот настан со студентите покажува дека поединци од Здружението имаат друга цел. Станува збор за една апсолутна политичка организираност која нема за цел да го третира воздухот, туку мислат дека на тој начин ќе добијат поголема јавност и евентуално некакви политички поени. На почетокот од Здружението имаа одлични сугестии, ние ги примивме, разговаравме со нив, Советот донесе и заклучок. После нивното второ барање за средба, јас со решение овластив дипломиран инженер инаку советник за екологија во Општината, да им биде 24 часа на располагање за било каква консултација, предлози и сл. Се продолжува со невкусна  и некоректна кампања против Битола. Крајно време е да повикаме да не се злоупотребува чувствителната тема со аерозагадувањето- истакна на денешната прес-конференција, првиот човек на Битола, градоначалникот, Владимир Талески.

ovlastuvanje

Се што се направи, зголемување на зелените површини во градот, кружните текови во сообраќајот кои растеретија во голем дел, во тек е проектот за топлификација на градот, бидејќи во зимските месеци загадувањето е големо, општината постојано го прави, додава градоначалникот на битолската локална самоуправа.

– Очекувам да цртаат и понатаму иронични и сатирични текстови против нас, во оваа прилика сакам да ги запрашам. Каде беа овие господа кога беше опожарена Битола, каде беа кога беа акциите за пошумување, ја опструираа и последната акција “Ден на дрвото“?  Тоа автоматски значи дека имаат други намери, политички намери. Нека не демантираат и нека соработуваат со нас на темата аерозагадување- побара градоначалникот Талески.

 

 

Б.В.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*