Don't Miss
Home / Градска хроника / Се реновира фонтаната кај Заводот и музеј

Се реновира фонтаната кај Заводот и музеј

 

Наскоро,  фонтаната пред Заводот и музеј во Битола  која што долго време беше мета на пишувачите на графити, ќе добие нов лик.

Денеска, просторот околу фонтаната беше затворен,  и како што дознаваме во наредните денови ќе почне реновирањето и реконструкцијата на оваа фонтана во централното градско подрачје.

Со повторното пуштање на фонтаната во функција,  Битола ќе добие уште едно пријатно катче за разонода и освежување.

Да потсетиме, фонтаната е изградена во 1977 година.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*