Don't Miss
Home / Uncategorized / Се роди илјадитото бебе во болницата “Плодност“

Се роди илјадитото бебе во болницата “Плодност“

Михаил е илјадитото бебе кое што деновиве се роди во најсовремената  приватна болница “Плодност“.

Дваесетгодишната Андријана Кукиновска заедно со Михаил влегоа во историјата на долгогодишното постоење на оваа болница.

 

Целокупниот трошок за породувањето на Михаил го покри приватната болница “Плодност“.

 

– Многу сум среќна што баш Михаил е мое прво дете а е илјадитото дете родено во Болница “Плодност“. Голема благодарност до целиот тим , изјави Андријана Кукиновска мајка на илјадитото бебе во приватната болница “Плодност“.

 

Медицинскиот персонал во нашата болница е гордост во обезбедување не само на најдобра медицинска нега, туку и лично внимание и доверливост за секој пациент и неговите потреби, рече меѓудругото директорот на “Плодност“ д-р Таше Трпчевски.
Од болницата го очекуваат следниот јубилеј, деветстото дете зачното со ин витро метода.

Во досегашното долгогодишно постоење Болница “Плодност“ може да се пофали со 1000 порудувања, преку 2500 операции, преку 20 000 операции и безброј други прегледи.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*