Don't Miss
Home / Uncategorized / Седниците на Советот ќе се пренесуваат во живо

Седниците на Советот ќе се пренесуваат во живо

  • Од вчерашната 51-ва седница на Советот на Општина Битола, која имаше свое продолжение и во текот на денешниот ден, граѓаните веќе имаат можност целиот процес на работа на советот да го следат во живо, преку веб страницата на Општина Битола и преку Youtube каналот на општината.
  • „Уште еднаш потврдуваме дека не случајно сме најтранспарентна општина. Како додадена вредност на сето она што сме го вложиле досега во таа насока е токму и овозможувањето на следење на седниците во живо. На постоечката техника која што ја имевме во нашиот Совет, со помош и соработка со УНДП во вредност од 12.000 американски долари, техниката е надоградена. Општина Битола овозможи и квалитетна интернет конекција, така што сите жители на Битола и на цела Македонија можат да ги следат седниците на Советот на Општина Битола во живо. Тоа долги години наназад сме го барале сите кои што сме биле вклучени во работата на Советот, но, еве сега, оваа локална самоуправа тоа го реализира, на половина од својот мандат“, рече градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска. Досега, седниците на Советот се снимаа и се поставуваа на веб страницата на Општина Битола.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*