Don't Miss
Home / Колумни / Секс бомби

Секс бомби

Македонија повторно ја потресуваат нови бомби. Но, за разлика од “бомбите” на Заев,  кои главно  беа “полни” со содржини за политички криминал, најновите “бомби”, кои деновиве беа “експлодирани” и кои во голема мера покрај политичката јавност ги стресоа и социјалните мрежи, имаат  полнеж со сексуални случувања на познати македонски политичари и јавни фаци на Македонија, од чиј усти, во изминатиот период, постојано слушавме работи за нивната “чесност”.

Последните “секс бомби”, кои засега непознатиот “бомбаш” ги фрли на македонската сцена,  зборуваат за секс скандали на познати луѓе од политичкиот, општествениот, јавниот и културниот свет, во државата, кои јавно продаваат многу чесност, а тајно се резилат како најкомпромитираните проститутки.

Последните сексуални “бомби” кои и беа сервирани на македонската јавност, предизвикаа огромен интерес  кај јавноста, која со голема љубопитност слуша(ше) кои како тајно се онаделе.

Со објавувањето на најновите “секс бомби”, со тврда еротска содржина, само го потврдија тоа што одамна се насетуваше дека во снимените над еден милион телефонски разговори, како што велеше лидерот на СДСМ, Зоран Заев, или околу 500.000  како што тврдеше специјалната обвинителка Катица Јанева, покрај политичка соржина има и прислушкувани и снимани разговори и случувања со сосема друга содржина.

Сега веќе не само на Заев, туку и на сите им е јасно дека тајните сниматели, дали биле домашни, или странски, буквално снимале се и  секого, за кој сметале дека може да им застане на патот.

Како Големиот брат во реалните шоу-програми, така и прислушкувачите на тајните разговори и снимателите на нашите приватни животи, едноставно воделе сметка да знаат се за секого. Тие не застанале само на тоа кој какви политички ставови има и какви разговори води, туку какви се и ставовите на нивните политички противници и во спалните соби и како тие го доживуваат и преживуваат сексот.

Македонија одамна живее во своето реално шоу на Големиот брат. Но, тоа што останува нејасно е што додека во реалните шоу-програми на Големиот брат, се познати учесниците и натпреварувачите, како и тоа колку изнесува премијата, во македонското реално шоу не се знае буквално ништо, ни кој снима, ни кој е сниман, ни кога ќе бидат прикажани ексклузивните разговори или снимени материјали, ни кога се премиерите, ниту пак репризните изданија.

Сега кога од неколкуте фрлени “секс бомби” слушнавме како нашите политичари и јавни работници, тајно се онаделе меѓу себе и за какви, најблаго речено, ороспии се работело, ни останува само да се запрашаме дали ова реално шоу, кое ни го сервира пред повеќе од една година лидерот на опозицијата Зоран Заев, има крај, или пак тоа ќе трае до недоглед.

Ако е точно тоа што го тврди Заев дека тој поседува над 1 милион разговори, се чини дека фондот на снимени разговори и снимки е огромен и дека на истиот може да му позавиди не само Кинотеката на Македонија, туку и на Холивуд.

Иако,  со објавувањето на “секс бомбите”,  многумина делуваат збунето и изненадено и затоа брзо-брзо бараат нивно спречување во објавувањето, сепак се чини дека како и кај политичките “бомби”, така и овие, освен со одредени исклучоци никој не треба да биде многу изненаден. Колку и да делува бизарно, сепак јавна тајна е дека кај нас многумина покрај политиката успеаја и во животот.

Злоупотребувајќи ја својата политичка функција многумина од мали политичари, преку ноќ станаа големи моќници, кои не само дел од членството туку постојано го дупат  и народот.

Барем кога станува збор за Битола, многумина полугласно  зборуваат како тајно биле злоупотребувани и злоставувани за да дојдат до работа или функција.

Најголеми жртви во тоа сенародно  масовно дупење беа младите, кои преку политиката бараа егзистенција и вработување. Многу просветни работнички денес јавно зборуваат за тајните барања за секс и задоволства на кои биле подложени за да дојдат до дневникот или до директорската фотелја.

Во изминатите години многу и од административните работнички напредуваа во својата работа благодарение на нивната сексуална дарежливост кон своите претпоставени.

Користејќи ја моќта, славата и парите, многу млади министри почнаа нов живот со своите подредени. А од својата функција, токму благодарение на сексот, многу обични службенички ги заведоа своите надредени и подоцна им станаа животни придружнички.

Иако многу јавни политички  фаци со години се колнеа во својата чесност,  сепак јавноста знаеше за нивните тајни условувања  и склоности кон злоупотреба на својата политичка потенција.

Тоа на сите им беше јасно како ден. Затоа зошто сега се чудиме кој како од врвот на политиката уживал во сексуалните курвања. Кај нас, чест на исклучоци, одамна се знаеше дека политиката е курва. Тоа беше општо познато.

Единствена новина е сега во тоа што таа стана  класична проститутка од најдолен вид во која не се знае кој како и кога ќе те надени.

Од огромната политичка потенција многумина од власта го изгубија умот, ако некогаш и воопшто  го имале.

 

 

Автор: Менде Младеновски 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*