Don't Miss
Home / Uncategorized / Села не се сели во опозиција

Села не се сели во опозиција

Алијансата на албанците предводена од Зијадин Села останува дел од владата

Министерството за здравство ѝ припаѓа на Алијансата за Албанците и оти во моментот не се работи за реконструкција на Владата. „Алијансата за Албанците има доставено име за министер за здравство и неколку пати премиерот има изјавено дека не се работи за реконструкција на Владата. Ако има реконструкција тогаш ќе гледаме и ќе одлучиме“, рече Села.

На новинарско прашање дали ќе гласаат за избор на нов министер за здравство во Собранието, Села не одговори прецизно, притоа посочувајќи дека партијата во моментот нема функционални органи и за одлуките решаат претседателот на партијата и комисијата за организирање на конгресот.

На состанокот во Гостивар, како што посочи Села, не се разговарало за излегување од Владата, туку биле разгледани извештаите од локалните избори и било разговарано за подготовките за партискиот конгрес што ќе се одржи во март.

„Немавме точка на дневен ред за истапување од владината коалиција. Мислам дека не заслужува никој од политичките актери, заради нивни игри, ние на Централното собрание да дискутираме за таквите ниски игри“, изјави Села.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*