Идентитетот на жената која денеска рано претпладне, околу 10 часот изврши самоубиство, скокајќи од зградата кај поранешен ЈАТ сеуште не е утврден.
Според информации од СВР- Битола нејзиниот идентитет засега останува непознат и дека истражните органи и јавното обвинителство ги испитуваат причините за смртта.
Инаку, според зборовите на жители на зградата, жената која извршила самоубиство не живеела во таа зграда, туку дошла од друго дел на градот. Но за која жена станува збор и зошто таа се одлучила да си го одземе животот ќе каже истрагата. Инаку жената во моментот е во капелата во Клиничката болница, каде се чува додека биде утврден нејзиниот идентитет.
Б.В.