Don't Miss
Home / Политика / Шекеринска: Да се запре иселувањето

Шекеринска: Да се запре иселувањето

Носителот на кандидатската листа за пратеници од коалицијата преводена од СДСМ во ИЕ5, Радмила Шекеринска денеска во Битола истакна дека средбите на терен во три различни општини од оваа ИЕ покажале оти во секое семејство по барем еден член е заминат од Република Македонија.

Според Шекеринска најголемиот дел од нив заминале затоа што не можеле да најдат работа, но исто така и голем дел од нив заминале заради тоа што работата во Република Македонија, нудела плата, и им носела дома плата со којашто не можеле да го прехранат, ниту да го создадат своето семејство.

– На 11 декември граѓаните на Република Македонија и од изборната единица 5 носат одлука дали ќе продолжат со овој живот како до сега, дали ќе продолжат со ваквото владеење, или ќе дадат шанса за живот во Македонија, за подобар живот, за повисоки плати, за повеќе работни места. Во нашиот План за живот во Македонија планираме просечната плата во нашата држава да порасне до 30.000 денари, за да понудиме шанса на голем дел, најголем дел македонски семејства да можат и да ги платат сметките и да ги растат во нормални услови и да ги обезбедат сите главни продукти за нормален живот, изјави Шекеринска на промотивниот политички настан во Битола.

Таа додаде дека програмата „За живот во Македонија“ нуди конкретни решенија за спречување на масовниот егзодус, посебно кај младите иако се повеќе се случува и повозрасни граѓани да бараат егзистенција надвор од нашата држава.

– Првата наша мерка ќе биде да ставиме точка на масовниот егзодус или масовно иселување за да не останеме без луѓе во државата. Имаме посебен дел мерки кој се однесува на луѓето кои веќе заминале и како со даночни олеснувања да помагаат на македонската економија. Клучната работа што треба да се направи за тие да помислат да се вратат во Македонија е да обезбедиме институции по мерка на граѓаните, да обезбедиме правен систем кој функционира и да обезбедиме институции што ќе бидат во нивна служба и ние тоа ќе го направиме, посочи Шекеринска на средбата со битолчани презентирајќи ја изборната програма.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*