Академијата за боречки спортови и вештини „ЗА НЕД ДО” од Битола по кој знае кој пат во вистинско светло ја претставуваше Битола и нашата држава на меѓународната сцена.
Деновиве “ЗА НЕД ДО “ ги собра златните медали на меѓународниот турнир кој се одржаа во градот Лангада, соседна Република Грција .
Имено „ЗА НЕД ДО” на покана на Грчката федерација за боречки вештини и спортови деновиве учествуваше на осмиот интернационален и 12 сегрчки шампионат за боречки вештини и спортови.
Натпреварувачите повторно манифестираа фантастичен настап и се вратија дури со 6 златни медали, што е потврда за напорното работење и големата посветеност и професионалност на Академијата.
На натпреварите учество зедоа голем број членки од неколку држави од светот и регионот на Балканот, како и над 100 клубови од Грција со над 1.000 натреварувачи, додека тимот на “ ЗА НЕД ДО “ беше составен од пет натпреварувачи кои се натпреваруваа во неколку дисциплини и повеќето борби.
Тимот на “ЗА НЕД ДО” го предводеше главниот тренер на Академијата – Дијана Неделковска.
-Ние на овој настан, кој за грчките боречки спортови и вештини и спортови е буквално најголем во текот на годината, настапуваме веќе седми пат. Голема чест ни е што Грчката федерација за боречки вештини не кани на настан на кој во основа нема грчки клуб, или академија кои не учествуваат на овој турнир.
Воедно се одржа и интернационалниот натпревар.
На двата настани, Академијата “ЗА НЕД ДО” години наназад е официјален преставник на нашата земја која е членка на Светската Федерација за боречки вештини и спортови. И годинава, поради финансиите Академијата беше принудена да состави мал, но компактен тим. Тргнавме со пет натпреварувачи, очекувањата како и секогаш беа посветени кон професионалниот технички дел во борбите и демонстрациите, а победите т.е 6 златни медали беа само потврда дека патеката по која чекориме е исправната. Интересно е да се напомене дека за нашиот тим се натпреваруваше и д-р. Кире Здравески, кој со своите 75 години беше највозрасниот натпреварувач на овој спортски настан, изјави Дијана Неделковска, главен тренер на Академијата “ЗА НЕД ДО”.