Don't Miss
Home / Uncategorized / Шеста седница на Советот за развој на пелагонискиот плански регион

Шеста седница на Советот за развој на пелагонискиот плански регион

Советот за развој на пелагонискиот плански регион, тело во кое членуваат деветте градоначалници на општините Битола, Прилеп, Крушево, Могила, Новаци, Ресен, Демир Хисар, Кривогаштани и Долнени ја разгледа програмата за работа во периодот 2015-2019 година. Прва точка на дневниот ред на шестата седница на Советот беше отпочнување на соработка со УНДП за воспоставување на мрежа за регионален развој.

-Со УНДП започнуваме еден нов проект кој што ќе значи создавање на мрежа која ќе ни овозможи аплицирање на фондови кои ќе се однесуваат на туризмот и на иновацијата. Едниот од нив е околу 18 милиони долари, а другиот околу 9 милиони долари, но за сето тоа да се направи со УНДП веќе имаме финансиска поддршка од 40 илјади долари, што значи 10 000 долари обезбедуваат општините, а 30 000 обезбедува УНДП. Апликациите се подготвуваат и се доставуваат во одреден временски рок, а потоа се избираат проектите кои што преку грантови за општините ќе бидат финансирани”, изјави градоначалникот на општина Битола, д-р Владимир Талески.

црппр 2

На денешната седница меѓудругото беа презентирани и резултатите од соработката со Карана Корпорација, статусот на проектите од Грантовата шема базирана на резултати (ГИЗ РЕД), како и измената и дополнувањето на годишниот финансиски план на ЦРППР за 2014 година.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*