Во саботата на Широк сокак, се одржа долго најавуваниот концерт на познатиот диџеј, со светско реноме, Том Нови од Германија.
Според некои проценки на големата техно-журка, на Широк сокак присуствувале над 10.000 битолчани, кои уживаа во музиката што им ја пушташе Нови.
Но овој културен настан, организаторите го (зло)употребија и лесно можеше “Широк сокак во бело“, многумина да ги завие во црно.
Имено, организаторите на журката, неколку битолски кафулиња, со цел да заработат што повеќе пари, на Широк сокак поставија енормно голем број маси, многу повеќе отколку што собира оваа пешачка улица, со што движењето по Широк сокак, кое, патем речено, не беше забрането, беше буквално невозможно.
На сите маси кои беа “резервирани” за редовните гости во кафулињата, на литри се продаваа жестоки пијалоци: вотка, виски, пива, ред-бул, без фискални сметки и по далеку повисоки цени, со што кафулињата добро се офајдија.
Но најлошо од се беше тоа што со поставувањето на бројните маси, околу кои беа насобрани бројните гости, љубители на техно-музиката, движењето по Широк Сокак буквално беше невозможно.
Бидејќи влезот во улицата од горната страна, кадешто беше поставена бината, не беше забранет, многумна битолчани кои се затекна на улицата буквално заглавија и не можеа да поминат.
Во таква ситуација се најде и авторот на овој текст, кој по поетската релаксација во “Магазата“ се обиде да “прошета” по Широк сокак за да стигне до помирниот дел на улицата.
Според изјавите што ги добивме во нашата редакција и некои други битолчани, а некои со мали деца, не можеле да поминат кон излезот од улицата, поради бројните поставени маси и разиграните весели гости, собрани околу нив.
Повеќе во печатеното издание на Битолски весник