Многу студен бран од регионот на Евроазија ќе донесе во западниот дел на Балканот исклучително ниски температури, со минус 14 до минус 19 степени Целзиусови, под средните температури во јануари.
Босна и Херцеговина и Србија ќе бидат најстудениот дел од континетот во периодот од 5 до 9 јануари.
Студовите ќе бидат екстремни, но за среќа ќе траат кратко време.
Почетокот на сибирскиот студ, кој на одредени места ќе достигне до минус 30 степени Целзиусови, се очекува уште денеска.