Home / Градска хроника / Божикни пакетчиња со храна за социјалните категории граѓани

Божикни пакетчиња со храна за социјалните категории граѓани

Градоначалникот на општина Новаци Лазар  Котевски оствари средба со Унија на жени општина Новаци и Унијата на млади сили  при што сите заедно им поделија Божикни пакетчиња со храна за семејствата кои имаат потреба од тоа.

-Ова е редовна практика за големите верски празници и секогаш им помагаме со малку храна на семејствата кои  имаат потреба од тоа достојно и убаво да го поминат овој еден од најголемите верски празници Божик. Воедно ја користам оваа можност на сите верници од христијанска вероисповед да им ги честитам претстојните Божикни празници- рече градоначалникот Лазар Котевски.

Православните христијански верници утре го слават Бадник  денот пред големиот праник Божик.

 

Б.В.

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*