Специјалното јавно обвинителство денеска соопшти дека ниту за еден од новопредложените кандидати за министри нема поведено истрага, ниту пак се води обвинение пред судот.
Од СЈО посочуваат дека единствено не можат да откријат дали се водат предистражни постапки кои според законските прописи се тајни, па дури и кандидатите за министри да се дел од нив тоа нема да биде откриено.
Потврдата на СЈО за новиот владин кабинет кој е предложен од мандаторот Зоран Заев веќе е доставена до Собранието на Република Македонија и до полноќ ќе може да се гласа.
Б.В.