Специјалното јавно обвинителство ќе биде дел од републичкото јавно обвинителство и ќе добие повеќе надлежности доколку се усвои стратегијата за реформи во правосудството. Според нацрт верзијата обвинителството на Катица Јанева ќе продолжи да работи на прислушуваните разговори во рамки на Јавното обвинителство на Република Македонија, а освен тоа ќе ги добива и предметите со висока корупција.
Сепак, за да се донесат вакви измени во Законите потребно е дво-третинско мнозинство во Собранието. Тоа значи дека ќе биде потребна и поддршката на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.