Don't Miss
Home / Uncategorized / Скандал:Рускоска на одмор, “Рекет “ во мирување

Скандал:Рускоска на одмор, “Рекет “ во мирување

Следниве три недели не треба да се очекуваат нови моменти во истрагата за случајот “Рекет”, затоа што шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска е на годишен одмор, како и нејзиниот тим.

Од обвинтиелството велат дека во меѓувреме нема кој друг да ги преземе нивните ингеренции.

Последниве денови се земаа изјави од сведоци, но нема одговор зошто досега не беше повикана да даде исказ и специјалната обвинителка Катица Јанева, која обвинителството уште од отворањето на аферата ја инволвираше, но досега не ја објасни нејзината улога. Особено, откако деновиве беше откриено дека вториот нејзин телефон за кој првично се тврдеше дека е изгубен, бил форматиран. Што зборувала специјалната обвинителка на интерфон со Боки 13 и Орце Камчев, и дали тоа го правела преку овој телефон е едно од прашањата на кое истрагата треба да даде одговор.

Јанева во единственото обраќање досега кажа дека со Јовановски биле пријатели, но тврдеше дека тоа било злоупотребено.

Освен Вилма Русковска , на годишен одмор во следните две недели ќе биде и специјалната обвинителка Јанева.

Деновиве опозицијата побара истрагата да се прошири и кон невладината Меѓуанроден сојуз чиј претседател беше Јовановски. Ова особено, откако во јавноста се појавија информации дека на членка на Сојузот и биле исплатени во кеш над 700.000 евра од битолски бизнисмен за проект за старечки домови кои никогаш не биле изградени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*