Don't Miss
Home / Спорт / Скантата и Димсата не го поминаа првото коло

Скантата и Димсата не го поминаа првото коло

Иако,  на Eвропското првенство во кик-бокс кое се одржува деновиве во Шпанија,  отпатуваа со оптимизам дека имаат можност да стигнат до медал, двајцата македонски репрезентативци од Битола, Александар Најдовски – Сканта и Александар Димовски – Димса не го поминаа првото коло.

Во полутешка категорија Најдовски беше поразен на поени, а во тешка категорија над 91 килограми Димовски е поразен со прекин во втората рунда.

Од директниот пренос на стриминг- каналот на европското првенство, само пред поливина час, се виде дека Димовски во втората рунда прими неколку удари во нога и по “броењето” на главниот судија во рингот тој се одлучи да не го продолжи мечот.

Димовски,  во првата рунда имаше рамноправна борба со далеку поподготвениот руски репрезентативец.

 

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*