Don't Miss
Home / Uncategorized / Скопје под опсада за Супер купот

Скопје под опсада за Супер купот

Започна фудбалската треска. Скопје под силно полициско обезбедување – нема простор за загриженост, уверуваат од Министерството за внатрешни работи. Велат дека се преземени сите безбедносни мерки за Супер купот да помине во најдобар ред. Ќе бидат обезбедени фан зоните, а посебно обезбедување е предвидено за играчите на двата тима.

„Ангажирани се над 2.000 полицајци кои ќе ја гарантираат безбедноста на граѓаните кои ќе бидат присутни на натпреварот Се обезбедува целиот простор околу арената, фан зоните каде ќе бидат навивачите и целото централно градско подрачје“, вели Тони Ангеловски – Портпарол на МВР

Ќе се внимава и на навивачите кои претходно правеле инциденти. Според информациите на ТВ 24, Интерпол веќе испратил список до МВР со 60 спорни навивачи, кои претходно дивееле на фудбалски натпревари. Како што дознаваме, еден од нив вчера се обидел да влезе во земјава, но бил вратен од граничниот премин. Интензивно се вршат и антитерористички проверки.

Се преземаат сите безбедносни мерки за спречување на секоја закана за можен терористички напад, а МВР соработува и со службите од регионот. Инаку, од денеска има посебен сообраќаен режим. Улиците околу градскиот стадион ќе бидат затворени, а големи метежи се очекуваат на сите отворени булевари. Во текот на утрешниот ден, најпрометен ќе биде граничниот премин Деве Баир од каде се очекува да влезат најголем дел од навивачите. Во наредните три дена, главниот град ќе живее во фудбалска еуфорија. Во пресрет на големиот меч, вечерва рефлекторите на Арената Филип Втори ќе останат запалени.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*