Битолчанецот Коста Ќука, на Светскиот ден на лицата со Даунов синдром и подари своја фотографија од зајдисонце на градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска. Со силна енергија на љубов, искажана преку топлите прегратки кон градоначалничката, 42 годишниот Коста уште еднаш посочи дека едниот хромозом повеќе, со кој тој живее, не е недостаток, туку може да биде дар и постојан стремеж да се искажува љубов и да се биде подобар од сите. Градоначалничката Петровска, во срдечен разговор истакна дека Општина Битола и натаму ќе ги помага сите лица со одредена попреченост, со цел да сезголеми нивната инклузија во општественото живеење. Светскиот ден на лицата со Даунов синдром се одбележува на 21 март, како симболика на трите копии на 21 хромозом, присутни во клетките на лицата носители на оваа состојб