Don't Miss
Home / Uncategorized / Снимката за “Рекет“ осамна во Италија

Снимката за “Рекет“ осамна во Италија

Италијанскиот весник Ла Верита објави видео кое е наводно дел од доказниот материјал за случајот „Рекет“. На видеото може да се види броење на пари и две торби кои од куќата на бизнисменот Орце Камчев ги изнесуваат осомничените во предметот, Бојан Јовановски Боки 13 и Зоран Милески – Кичеец.

Исто така, снимен е и разговор во кој Бојан Јовановски му кажува на Камчев дека Катица Јанева, како што вели, нема да употреби вонредни правни мерки и дека ќе биде укинат притворот.

Според датумот на снимката, видеото е снимено на 20 февруари годинава, а Камчев со одлука на Врховниот суд беше ослободен од куќен притвор на 4 март.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*