Home / Вести / Со дигитализирањето на општинските услуги се поедноставуваат постапките и се намалуваат трошоците за граѓаните

Со дигитализирањето на општинските услуги се поедноставуваат постапките и се намалуваат трошоците за граѓаните

Општината Битола продолжува да ги поедноставува постапките за граѓаните, согласно законската регулатива и можностите за имплементација на нови решенија.

Со дигитилизирањето на општинските услуги, освен што се поедноставуваат постапките, исто така се зголемува транспарентноста и се намалуваат трошоците за граѓаните.

Деновиве, на општинската официјална интернет страница во делот услуги, поставени се променети обрасци-барања за преобележување, прибележување и запишување на градби од втора категорија во Катастар и постапката се одвива согласно законската процедура преку Општина Битола со доставување на пополнето барање и оригинални уплатници, без доставување на проектна документација снимена на ЦД.

На овој начин, во голем дел се поедноставуваат постапките и се намалуваат трошоците за граѓаните. Исто така тоа го овозможува и неодамна имплементираниот ГИС систем со целосна дигитална трансформација во урбанистичкиот сектор, централизираност на сите урбанистички податоци и нивна визуелна презентација на мапа, а со самото тоа лесно и брзо управување со целокупната урбанистичка документација. Системот исто така овозможува и автоматизација на работните активности пред сè во процесите на издавање на документи односно за генерирање на изводи од градежна парцела и подобрување на ефикасноста и брзината на работа во општината. Електронските бази на податоци ќе помогнат во поефикасна комуникација помеѓу администрацијата и граѓаните-информираат од Битолската локална самоуправа.

Градоначалникот Тони Коњановски вели дека ГИС платформата за управување со урбанистичко-планска документација и други просторни инфраструктурни податоци, ќе ја унапреди ефикасноста и точноста во работата на Општината Битола и комуналните претпријатија кои се во нејзина надлежност.

ГИС системот е база на сите информации што треба да се поседуваат во еден современ град или општина за да бидат ефикасно управувани. Дополнителна корист од воспоставувањето на ГИС системот е неговото влијание врз зголемување на електронската размена на податоци меѓу вработените во општинската администрација. ГИС порталот овозможува лесно и брзо прегледување и пребарување на неограничен број на корисници преку интернет, транспарентно информирање на сите граѓани на Општина Битола за просторното уредување на град Битола (преглед на цела планска документација), електронска размена на податоци за сите јавни претпријатија, планери, проектанти, геодети и изведувачи на инфраструктурни градби, лесно планирање на површини и траси за инфраструктура, планирање на опфати за урбанизација и други можности во зависност од потребите и работните задачи на службите на Општина Битола-вели градоначалникот Коњановски и додава дека ова е голем чекор напред, од кој корист ќе имаат сите граѓани, и како локална самоуправа уште повеќе ќе работат на дигитализирање на општинските услуги, поедноставување на постапките и поголема достапност и транспарентност.

Инаку, како што информираат од Општината Битола, ГИС порталот постојано ќе се надградува, а во моментот овозможува: сателитска снимка на градот Битола, (орторектификувана во координатен систем) просторни планови од АКН на градот кои содржат катастарски парцели и евидентирани објекти, важечки ГУП за Општина Битола од 1999 г. и блоковска поделеност на градот, сите усвоени ДУП-ови и друга планска документација (општи акти за селата, урбанистички проекти, Лупд Ауп-еа и др.) геореференцирани врз просторните подлогите од АКН, подлога за Старото градско јадро со контактните зони на град Битола, како и можност за брзо-електронско издавање на Извод од урбанистички план или уверение за градежен реон.

Васка М. Младеновска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*