Поддржувачите на акцијата која веќе неколку дена се води на “Фејсбук “ Сакаме чист воздух во Битола “ денеска излегоа во јавноста со заштитниот знак на човечка глава со гас маска.
Сите поддржувачи на оваа акција на своите “Фејсбук“ профили наместо своја лична фотографија постираа човечка глава со гас маска.
Инаку, досега оваа акција ја поддржаа околу 10.000 битолчани, а голем е бројот на граѓаните кои ставија потпис во петицијата за почиста Битола.
Инаку во редакцијата на порталот на Битолски весник постојано стигнуваат информации на наши читатели за загаденоста на воздухот во Битола.
Битолски весник кој исто така се залага за чиста Битола некои од тие информации ги објави на својот портал, кои укажуваат дека загадувањето на воздухот во Битола, особено во раните утрински и вечерните часови, добива загрижувачки размери.
Битолчани со право се загрижени за своето здравје, а особено со драстичното зголемување на наши сограѓани кои заболуваат од малигни болести.
Б.В.