Don't Miss
Home / Uncategorized / Со мобилна апликација поблиску до граѓаните

Со мобилна апликација поблиску до граѓаните

Со цел да комуницира непосредно со своите граѓани, Стевчо Јакимовски, градоначалникот на Општина Карпош е првиот политичар во Република Македонија кој  пушти во употреба своја мобилна апликација за смарт телефони.

Следејќи ги светските трендови, градоначалникот на Општина Карпош и претседател на ГРОМ, Стевчо Јакимовски ќе биде постојано online и преку оваа апликација за паметни уреди.

Граѓаните, освен што побрзо ќе бидат запознаени со сите случувања и настани во Општина Карпош, самата апликација им нуди можност да пријават проблем на кој надлежните општински служби навремено ќе реагираат.

Апликацијата може да ја најдете на Android Play Store под името Стевчо Јакимовски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*