Директорот на Државното претпријатие АД “Водостопанство” во Битола ја промовираше новата механизација , моќен багер-гасеничар, со кој ќе се чистат реките и каналите во Пелагонија.
Багерот има најсовремена технологија и опрема за работа и е вреден десет милиони денари.
Ќе се користи за чистење на каналската мрежа и реките во Пелагонија.
Директорот на државното претпријатие АД “Водостопанство” Ромео Тренов информираше дека Багерот е опремен со најсовремена технологија што овозможува поквалитетно извршување на активностите.
Претпријатието има склучено договор со Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството за набавка на механизација во вредност од 3,5 милиони евра со што ќе се овозможи чистење на целокупната каналска мрежа во земјава.
Градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски изрази задоволство за набавката на механизацијата и потсети на активностите што под негова координација се извршени , а се однесуваат на санацијата на проблемите од минатогодишните големи поплави во Пелагониско.
-На Црна Река затворени се 16 пропусти од коритото а исчистена е и крупната вегетација. Исчистен е и Десеттиот канал, а имаме и други канали за чистење низ Новачкото Поле- изјави градоначалникот на Општина Новаци и координатор на акцијата за чистење на Црна Река, Лазар Котевски.
Според директорот на државното претпријатие АД “Водостопанство” Ромео Тренов за две до три години со набавката на моќната механизација нема да остане неичистен канал во Република Македонија.