Home / Култура / Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со порака: Во пресудни времиња преку книгите се апелира за разбирање, дијалог и толеранција

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ со порака: Во пресудни времиња преку книгите се апелира за разбирање, дијалог и толеранција

 

Унијата на жени на  ВМРО-ДПМНЕ Битола, по повод Светскиот ден на книгата , од битолскиот Музеј,  каде што се чува Битолската плоча, стара десет века,  ја упати пораката:

-Кога Македонија чествува илјада и сто години од Светиклиментовите слова, а Битола илјада години од именувањето на камената плоча пред која се наоѓаме, важноста на зборот е уште повеќе нагласена во светлината на предизвиците со кои сите се соочуваме и во Македонија и во светот. Ако книгите се чувари на зборот, колективна меморија на народот, сите ние денес имаме обврска да го одбраниме неговото вистинско значење и смисла. Сведоци сме на сквернавење на дрска и безочна злоупотреба на значењето на зборовите: правда, мир,  слобода, Македонија чија светост сите заедно имаме обврска да ја сочуваме и предадеме на идните генерации- порачуваат од Унијата на жени на владејачката ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

Жените од ВМРО-ДПМНЕ од Битола ја цитираат  и пораката на Ирина Бокова генерален директор на УНЕСКО, по повод Светскиот ден на книгата.

-Во пресудни времиња, како овие, книгите ја отелотворуваат човековата способност за апел до сите во светот да ги користат гласовите на разбирање, дијалог и толеранција. Книгите се единствената сила, која може да се спротивстави на она што го нарекува Шекспир „заедничко проклетството на човештвото  – глупоста и незнаењето”- велат  од Унијата на жени на владејачката ВМРО-ДПМНЕ од Битола.

 

 

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*