Don't Miss
Home / Uncategorized / Со недели нема изводи за родени во Битола

Со недели нема изводи за родени во Битола

Револт, гнев, нервози, разочарување. Во Битола веќе со недели се слушаат овие зборови, откако не се издаваат изводи од Матичната книга на родени.

Трагајќи по ваквата информација, што ни ја соопштија во редајцијата на Битолски весникденовиве, се уверивме и самите во тоа.

Голем број граѓани и иселеници, кои во овие летни месеци претстојуваат во Битола ни се пожалија дека со денови не можат да добијат извод за родени, бидејќи наводно немало.

– Поради немање на извод не можам да си извадам лична карта – се жали еден иселеник од Битола кој е дојден од Австралија, кој мора да го продолжи одморот и да чека да пристигнат изводи во Битола.

Други битолчани ни се пожалија дека не можат да ги комплетираат документите за пензија поради немање на извод од родените.

Ваквата информација дека нема изводи ни ја потврдија и вработените во Подрачното одделение во Битола, кои навистина се во непријатна ситуација, бидејќи никако не можат да им објаснат на граѓаните зошто се случува тоа.

Според надлежните, причината зошто нема изводи е бидејќи наводно доцнел тендерот за печатење на изводи под името Република Северна Македонија!?

Засега од врабтените никој не знае кога изводите ќе пристигнат во Битола и немоќно креваат раце.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*