Грижата за младите не се покажува само со убави желби и зборови туку со конкретни мерки, кои првенствено ке значат создавање услови за отворање нови работни места.
И до сега се покажа дека невработеноста се намалува преку директни инвестиции ( и домашни и странски) кои ќе обезбедат вработување за младите.
Инвестициите во индустриската зона „Жабени” и во иднина очекуваме да бидат главниот мотор за локалниот економски развој на Битола заедно со интензивните градежни активности во новата населба “Златен рид”.
Во тој правец ќе продолжиме да ја подигнуваме атрактивноста на индустриската зона со повеке инфраструктурни проекти, меѓу кои само за изградба на нова улична мрежа во тој мал индустриски град во нашата Програма предвидуваме буџет од 12 милиони и 500 илјади денари.
Да, Офицерскиот дом е важен за битолчани и за негова реконструкција имаме предвидено 1 милион евра со конкретни предлог содржини и намена за кои допрва заеднички со граѓаните ке дебатираме, но убавата зграда на Офицерски нема да ни обезбеди нови работни места.
СДС има најмалку право да зборува за Офицерски дом, затоа што пред само два месеци со Ребалансот на државниот буџет ги пренамени веќе обезбедените еден милион евра и со тоа ја спречи и одложи реконструкцијата на зградата која, не е спорно , дека е украс на нашиот Широк Сокак.
Да не беа опструкциите од СДС основната реставрација на Офицерски ке беше веќе започната, истакна кандидатот за градоначалник на ВМРО ДПМНЕ Зоран Илиоски.