Don't Miss
Home / Култура / Со величенствен огномет отворено јубилејното 35. издание на Малиот битолски Монмартр

Со величенствен огномет отворено јубилејното 35. издание на Малиот битолски Монмартр

Со величенствен огномет, доцна синоќа во старата битолска чаршија во Битола, малиот ликовен уметник од Хонг Хонг, Кени Лиу, кој иако има смао 10 години веќе неколку години е учесник на Колонијата, свечено го означи почетокот на годинашното јубилејно 35 издание на Малиот битолски Монмартр.

На годинашниот Мал битолски Монмртар учествуваат млади ликовни уметници од петнаесетина земји во светот.

monmartr 5

monmartr 13

monmartr 6

 

monmartr 12 monmartr 10

Покрај од Република Македонија, на годинашното издание на Малиот битолски Монмартр, кој се одржува во рамките на одбележувањето на двата јубилеи, 35 години од неговото основање и 60 години од ликовното творештво на идејниот творец и основач на Детското ликовно студио и Малиот битолски Монрамтр, Коста Хаџиантоновски учествуваат учесници од Словачка, Кина, Русија, Романија, Турција, Украина, Србија, Бугарија, Полска,Индија, Тајланд и Годинашните учесници на Малиот битолски Монмартр, до 30 мај покрај во Битола ќе сликаат и на улиците во Крушево и Охрид.

Учесниците на Колонијата еден ден во Битола ќе сликаат на тема “Олимпијадата во очите на децата” а најдобрите ликовни творби ќе бидат преставени во Олимпиското село во Рио де Женерио, Бразил, за време на одржувањето на летните олимписки игри.

Изборот ќе го направи тим на Меѓународниот олимписки комитет од Лозана, кој во јуни еден ден ќе
престојува во Битола. Инаку годинашен добитник на највисокото признание на Малиот битолски Монмартр “Гран при” е училиштето од Спишка Бела Словачка.

 

 

Б.В.

Фото С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*