Don't Miss
Home / Вести / СОНК против намалувањето на платите

СОНК против намалувањето на платите

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура не се согласува со предлог-мерките на СДСМ со кои, меѓу другото, се предвидува административците два месеца да земаат минимална плата со цел да се намалат економските штети од коронавирусот.

Според СОНК, ваквиот предлог е радикален и директно ќе влијае врз работниците кои се најмалку платени, па ја повикаа Владата да го одбие.

Особено критикуваат што во оваа категорија влегуваат и просветните работници, кои во моментов, како што велат, прават големи напори да најдат алтернативни начини за одржување на наставата.

„Сметаме дека предложените мерки директно ќе удрат врз работниците кои реално се и најмалку платени во државата. Особено реакциите се жестоки од страна на просветните работници, кои, во интерес на учениците, индиректно и на државата, вложуваат натчовечки напори преку алтернативни форми и методи, во домашни услови, да ја реализираат планираната програма“,

се наведува во соопштението од СОНК.

Ваква мерка, како што посочуваат од СОНК, нема во ниту една од соседните држави и бараат итно да се воспостави социјалниот дијалог и да се слушнат мислењата и на синдикатите и на економските експерти.

Поврзани вести:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*