Градоначалничката на Општина Битола, м-р Наташа Петровска и денес имаше отворен ден за средби со граѓаните на Општина Битола.
Овој е втор петок, откако градоначалничката започна со реализација на ваквите активности, преку кои на директен, непосреден начин остварува комуникација со сите заинтересирани субјекти од општината кои сакаат за своите прашања, проблеми или предлози да поразговараат со градоначалникот.
За време на денешниот отворен ден, градоначалничката оствари средба со повеќе поединци, како и претставници на здруженија на граѓани и други организации.
Општината и во идниот период ќе биде отворена за сите граѓани, а градоначалничката м-р Наташа Петровска, достапна за соработка со сите заинтересирани субјекти од Општина Битола, кои нудат креативни идеи и предлози или пак, за одредени теми имаат потреба од помош или поддршка од локалната самоуправа.