Денеска кандидатот за градоначалник на СДСМ Христо Кондовски се сретна со сопственикот на Жито Битола Вецко Котевски.
Во Битола е сместен најголемиот производител на брашно и бели печива во земјава !
Ангромаркетинг механизација, Подружница Жито Битола произведува по 100 тони брашно дневно, има широк асортиман производи и врвен квалитет !
Честитки за Вецко Котевски кој го врати брендот “Жито Битола” на битолчани !
Нему, како и на голем број други битолски стопанственици, потребна им е поддршката од локалната самоуправа за проширување на производствените капацитети и нови вработувања. Основен предуслов за тоа е донесување на нов Детален урбанистички план за овој дел од Битола !
Општината може да игра значајна улога во економскиот раст и развој на Битола !