Села утре се враќа од Америка, па по средбата со лидерот на СДСМ и премиер, Зоран Заев ќе биде јасно дали Алијансата ја прифаќа понудата за размена на Министерството за здравство со Секретаријатот за спроведување на реформи или ќе ја напушти владата.
На средбата Заев-Села ќе и претходи состанокот на централното раководство на Алијансата. Од партијата на Села и натаму тврдат дека според првичниот договор, ним им припаѓаат ресорите здравство и локална самоуправа, но од СДСМ се децидни, дека нивен кадар ќе го раководи здравството.