Со техничка поддршка на “Нова солушнс”, најдобрата интернет маркетинг компанија, деновиве, стартуваше порталот на Битолски весник.
Од денеска Битолски весник читателите можат да го читаат и на своите компјутери.
Текстовите на порталот на Битолски весник, покрај читателите во нашиот град и пошироко, ќе можат редовно да ги читаат и нашите верни читатели од целиот свет.
Инаку, со отворањето на порталот, Битолски весник заокружува уште една активност од многуте за одбележување на златниот јубилеј – 50 години од излегувањето на првиот број.
Со отворањето на порталот, Битолски весник ги заокружи активностите за доближување до читателите.
Со цел весникот да стане уште подостапен до нашите читатели, Битолски весник наскоро почнува нова акција: “Битолски весник во секое битолско домаќинство” и со амбициозен план за претплата на 5.000 наши сограѓани.
Tagged with: битолски весник интернет читатели