До 3 часот и 30 минути утрово траеле разговорите во Стразбур меѓу претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и претседателот нa СДСМ Зоран Заев. Најавено е дека утрово ќе има соопштение за резултатот од средбите.
„Средбата не беше залудна и вредеше што се одржа“, оцени известувачот за Македонија при Европскиот парламент Иво Вајгл.
Делегациите на ВМРО ДПМНЕ и на СДСМ вчера од 17 часот во различен состав разговарале со посредништво на европратениците Иво Вајгл, Едуард Кукан, Ричард Ховит и еврокомесарот за соседска политика Јоханес Хан.
Средбата се одвиваше зад затворени врати, далеку од објективите на камерите.
Инаку, во делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ се наоѓаа покрај претседателот на партијата Никола Груевски, уште Мартин Протуѓер, Никола Тодоров, Никола Попоски, Сашо Мијалков, а тука беше и пратеникот Влатко Ѓорчев кој и се приклучи на делегацијата во Стразбур.