Home / Uncategorized / Судбината на “Скопје 2014“ во рацете на работна група

Судбината на “Скопје 2014“ во рацете на работна група

Министерот за култура на Република Македонија, Роберт Алаѓозовски, вчера формираше Работна група за изработка на Анализа за реализацијата и последиците од проект „Скопје 2014“. Во Групата членуваат проф. д-р Мирослав Грчев, редовен професор на Архитектонскиот факултет при УКИМ (координатор), м-р Никола Наумоски, политиколог и комуниколог, Мартин Пановски, дипломиран инженер – архитект, доц. д-р. Донка Барџиева – Трајковска, историчар на уметност и конзерватор и Златко Теодосиевски, ликовен критичар и советник – куратор.

Работната група има за задача да подготви Анализа на реализацијата на досегашните активности од проектот „Скопје 2014“, во која ќе изврши евалуација на сите аспекти од проектот во надлежност на Министерството за култура и ќе даде предлог за можни решенија и мерки за реализација на активности во наредниот период.

На првиот состанок, членовите на Работната група констатираа дека најнапред ќе биде потребно да извршат инвентаризација на сите објекти од проектот, која ќе биде составен дел од Анализата. Членовите, исто така, констатираа дека ќе биде потребно формирање на специјализирани подгрупи, составени од докажани професионалци од повеќе сфери релевантни за Анализата, а коишто ќе третираат различни аспекти на проектот „Скопје 2014“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*