Don't Miss
Home / Uncategorized / Судиите почнаа да му вртат грб на Груевски

Судиите почнаа да му вртат грб на Груевски

Нагласувајќи дека секој кој се огрешил пред законите и работел на штета на граѓаните ќе одговара и дека тоа важи и за градоначалникот на Општина Битола, Владимир  Талески, потпретседателот на СДСМ, Александар Кирацовски на денешната прес конфернција во седиштето на СДСМ нагласи дека Груевски и соработниците се збунети  што судија по судија секојдневно се охрабруваат и застануваат на страната на граѓаните и на правдата, и  му вртат грб на режимот.

-Наивно е ако Груевски и соработниците верувале дека правната држава во Македонија нема да профукционира, дека нема да дојде момент кога тевтерчето на Јанкулоска ќе почне да ја губи моќта, како што се случува, дека нема професионално да проработи Специјалното јавно обвинителство, формирано со целосен политички консензус, вклучувајки ја и поддршка од Груевски и ВМРО-ДПМНЕ, рече Кирацовски и додаде:

-Веројатно СДСМ не го натера екс министерот за финансии Зоран Ставревски да го нарече Владимир Талески криминалец и да потврди дека цената за превозот на учениците во Битола е десет пати повисока од реалната.

СДСМ не го убеди ниту Зоран Илиоски, актуелен пратеник од ВМРО ДПМНЕ кој гласаше за Законот за СЈО, да каже дека Владимир Талески не сработил ништо во својот мандат. Цела јавност ги слушна лично. Жално е што сега истиот Илиоски му дозволува на Груевски да го понижува со контрадикторни изјави, со кои очигледно мора да излегува на прес конференции.

Бараме Битола да не биде заложник на Владимир Талески и затоа тој мора веднаш, од морални причини да си поднесе неотповиклива оставка.

Ги охрабруваме сите, посебно чесните членови и симпатизери на ВМРО ДПМНЕ  да не си го валкаат образот за криминалци.

Правдата на голема врата доаѓа за сите нас кои искрено си ја сакаме државата и тоа е веќе незапирлив процес, истакна на прес-конференцијата потпреседателот на СДСМ,  Александар Кирацовски.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*