Кривичниот суд Скопје 1 откако го испита градоначалникот на Битола, Владимир Талески одлучи да не му одреди притвор и го пушти Талески да се брани од слобода.
Градоначалникот на Битола, Владимир Талески по распитот кој траел околу 2 часа, од задниот излез го напушти Кривичниот суд Скопје 1 во друштво со својот адвокат.
Засега, не е познато кои други мерки на достапност за правосудните органи му се одредени на градоначалникот Талески, но по ваквата одлука едно е јасно дека судот не го прифати барањето на СЈО и Катица Јанева да му одреди притвор на Талески, кој е еден од осомничените во случајот “Транспортер”.
Б.В.