Јован Вранишковски ќе биде ослободен на Водици доколку ниту една од странките не упати жалба на решението кое судот денеска го доставил до затворот во Идризово.
Од скопскиот Кривичен суд за медиумите потврдуваат дека издале вакво решение на барање на најголемиот скопски затвор.
Според информациите, затворот во Идризово побарал Вранишковски да биде ослободен бидејќи се ресоцијалирал и со одлежувањето на половина од затворската казна го стекнал правото за тоа.
Од Судот велат дека решението не е правосилно и дека во тек е жалбениот рок.
Доколку никој не поднесе жалба, Вранишковски ќе биде на слобода на 19 јануари.
Извор: Прес24