Собраниската седница за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски вечерва беше прекината. Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски, тоа го побара поради верскиот празник Свети Петар и Павле за време на кој голем дел од неговите колеги пратеници одат на слави и имендени. Поради тоа, спикерот Талат Џафери продолжението на седницата го закажа за утре во 11 часот. Инаку, таа требаше да трае до 19 наместо до 18 часот затоа што претходно, координаторот на втората пратеничка група на ВМРО-, Антонио Милошоски побара еден час пауза за на пратениците да им се поделат стенограми од обраќањето на обвинителот Марко Зврлевски во Собранието