Во текот на изминатата седмица (13-19.10.2014 година) од страна на полициски службеници од СВР- Битола, при сообраќајни контроли се контролирани вкупно 1680 возила, при што се констатирани 422 прекршоци и тоа:
– Во 12 случаи е констатирано присуство на алкохол кај возачите, во 57 случаи на управување на возило без возачка дозвола, кај 142 случаи на пречекорување на дозволената брзина, 11 технички неисправни возила, 48 нерегистрирани или со измината важност на сообраќајната дозвола, кај пет случаи констатирано е погрешно паркирање, кај 37 е констатирано некористење на сигурносен појас, кај седум користење на мобилен телефон при управување со возило, а по еден прекршок за претовар, минување на црвено светло, престигнување и недавање на првенство на пешаци, како и останати прекршоци- информираат од СВР-Битола.
Во текот на седмицата на територијата на СВР-Битола случени се вкупно 20 сообраќајни незгоди во кои е загинато 1 лице , 3 лица се здобиле со тешки телесни повреди и 10 со лесни. Во 8 сообраќајни незгоди причинета е материјална штета.
Б.В.