Организаторот на интернационалниот фестивал за сериозна музика “ Интерфест 2014 “ ја објавија програмата за годинашниот фестивал, кој ќе се одржи од 2 до 12 октомври оваа година во Битола.
Свеченото отворање на фестивалот ќе биде на 2 октомври со почеток во 20 часот, во Народниот театар, со комичната опера во два чина на Моцарт “Така прават сите“.
Претставата е во режија на Цветан Стојановски, а диригент ќе биде Саша Николовски – Ѓумар.
Ќе настапат солисти и оркестарот на Македонската опера и балет.
Б.В.