Градоначалникот на општина Битола Владимир Талески, кој е осомничен во случајот „Транспортер“, по распитот во Специјалното јавно обвинителство изјави дека нема незаконитост во постапката со организирање превоз на ученици во Битола.
Според него, овој случај е наметната постапка.
– Станува збор за наметната постапка. Не може врз основа на една снимка да се конструира ваква политичка хајка. Постапката е транспарентна и ние ќе го потврдиме и ќе го докажеме тоа, рече Талески.
Во случајот „Транспортер“ градоначалникот Талески и уште 22 лица се осомничени за злоупотреби со превозот на ученици во Битола, во вредност од 360 илјади евра.
Б.В.