Родителите на Коста Кецмановиќ – момчето кое изврши масовно убиство во ОУ „Владислав Рибникар“ се прогласени за виновни и се осудени.
Владимир Кецмановиќ е осуден на 14 години и 5 месеци затвор, а Миљана Кецмановиќ на 3 години.
Инструкторот на стрелиште е осуден на 15 месеци затвор за давање лажно сведочење.
Владимир Кецмановиќ е осуден за кривично дело предизвикување општа опасност бидејќи неправилно складирал оружје и муниција и на тој начин му овозможил на својот тогаш 13-годишен син да изврши масовно убиство, како и запуштање и злоупотреба на малолетно лице.
Миљана Кецмановиќ за недозволено држење, носење и пуштање во промет оружје и експлозивни материи, бидејќи на чаурата од куршумите што била пронајдена во кабинетот по историја каде било застрелано момчето била пронајдена нејзината ДНК, како и за кривично дело запуштање и злоупотреба на малолетник.
Јавноста ќе биде лишена од образложението на пресудата, со оглед на тоа што дел од изрекувањето е затворено за јавноста.
Извор a1on.mk