Don't Miss
Home / Култура / Театарскиот ансамбл “Пучка сцена“ од Хрватска ќе гостува во Битола

Театарскиот ансамбл “Пучка сцена“ од Хрватска ќе гостува во Битола

Mакедонско- хрватското друштво и хрватски културен центар “Марко Марулиќ“ во соработка со Центарот за култура, го организираат гостувањето на театарскиот ансамбл “Пучка сцена“ од Херцеговац, Република Хрватска со претставата “Се гледаме на ден Хааг“.
Претставата ќе се изведе во сабота 4 -ти октомври, во малата сала на Центарт за култура со почеток од 20 часот, а влезот е слободен.

Претставата зборува за обидот на еден Србин и Хрват да се сретнат на неутрална територија и да склучат примирје.Текстот е создаден според познатиот текст на Радослав Павловиќ, Шовинистичка фарса ,па така комичните делови особено оние кои се однесуваат на Србинот и Хрватот, ја засмејуваат публиката каде и да се претставени.

hrvatska pretstava 1

Гостувањето е во рамките на одбележување 90 години постоење на хрватската читална Херцеговац во чии рамки скоро три децениии функционира и театарската сцена.

Одбележувањето на јубилејот се презентира преку културата и тоа преку низа претстави, концерти, танц и зачувување на народните обичаи.

Театарската сцена до сега имала преку 44 премиери и гостувања во повеќе земји меѓу кои Унгарија, Австрија, Србија, Босна и Херцеговина, Романија, Црна Гора.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*